Вознемирувачко видео! Смрт во живо од бојното поле: Руски војници се снимија себеси како велат дека им се допаѓа во Украина, а потоа експлозија и убиство!

Руски војник, снимајќи се себеси и колега откако доставиле муниција и храна на непозната локација во Украина ја снимил својата смрт. Видеото на кое се гледаат неговите последни моменти брзо се прошири на социјалните мрежи.

Дуото вози по успешно завршена мисија, а на враќање наидуваат на пат полн со изгорени остатоци од воени возила, уништени во камиказе напади со беспилотни летала.

Патникот ги снима сцените со камера и опишува што се случува на предната страна околу него во тој момент, а потоа пророчки најавува што ќе се случи само неколку моменти подоцна.

Armed Russian troops were moving illegally through Ukrainian territory, passing the burnt-out vehicles of their “colleagues”. “It’s alright, we’re used to it,” the man filming remarks, seconds before an explosion cuts him off. pic.twitter.com/9UTZizVLLv— WarTranslated (@wartranslated) December 1, 2025

– Кашестата вода е со мене, се враќаме од достава на храна и мини. По патот наидовме на наши кои беа погодени од FPV-дрон, па истото можеше да ни се случи и нам. Патот е полн со изгорени остатоци. Покрај тоа, ни се скина сајлата. Кашестата вода се обидува да го извлече максимумот од неа, менува брзини и притиска на гаста, вели војникот кон камерата.

Кратко пред неговата смрт, тој објаснува со какви проблеми се соочуваат руските војници.

– Воланот повторно бега, нема хидраулика, мораме заедно да свртуваме во остри кривини. Накратко, така е, но добро, навикнати сме, ни се допаѓа – додава Џине.

Додека ја изговара последната реченица, се слуша тресок и експлозија, а видеото се прекинува.
The post Вознемирувачко видео! Смрт во живо од бојното поле: Руски војници се снимија себеси како велат дека им се допаѓа во Украина, а потоа експлозија и убиство! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: