Не е тајна дека Поповиќ беше еден од најбогатите луѓе на српската естрада.
Саша низ годините инвестирал многу пари во луксузни предмети, вклучувајќи скапи автомобили и јахта.
Саша обожавал луксуз, па поседувал импресивен возен парк, вклучувајќи BMW i8, за кој платил 150.000 евра, два џипа Мерцедес и мал Смарт.
Поповиќ беше сопственик и на јахта, која е закотвена на хрватскиот брег. Тој трошел многу пари за одржување на јахтата, а во едно интервјуа рекол дека сака да троши пари за луксузни работи.
Девет месеци по смртта на Саша Поповиќ во јавноста беше објавен дел од неговиот тестамент. Основачот на „Гранд“ на својата вдовица, пејачката Сузана Јовановиќ, ѝ оставил вила на Бежанијска Коса, 280 станови, две недвижнини во Опатија и неколку луксузни автомобили, пренесоа српските медиуми.
Наводно, неговата вдовица сега размислува да ја продаде јахтата.
Од Саша таа ја наследи и вилата на Бежанијска Коса, каде што живееја.
Поповиќ поседувал и луксузна вила во Опатија за која платил 300.000 евра, а имал и стан на брегот на Опатија, кои Сузана веќе ги продала.
„Додека Сале беше жив, заедно решивме да ги продадеме становите во Опатија. Децата воопшто не сакаа да одат таму. Даниел и неговата сопруга сакаа, но Александра воопшто не ја сакаше Опатија.
Јас не најдов друштво таму, тој наиде. Јас отидов поради него, бидејќи видов дека нему му се допаѓа. Потоа донесовме одлука дека не ни треба и дека ќе патуваме повеќе“, изјавила Сузана.
Поповиќ работеше и како инвеститор и градеше згради, а пејачката Вики Миљковиќ, стана ексклузивен продавач на становите што ги градеше тој на Бежанијска Коса.
На веб-страницата на нејзината агенција се рекламираат 280 станови, 48 локали и 500 паркинг места, кои моментално се во сопственост на Сузана Јовановиќ.
Поповиќ на сопругата, но и децата, им оставил значителна сума пари, а дел од нив се стекнати преку продажбата на „Гранд“.
Иако нема потврдени информации колку заработил од продажбата на продукцијата, медиумите во 2014-та, кога се случи продажбата, шпекулираа дека Саша и Лепа Брена продале 51% од акциите во компанијата за 15 милиони евра (и ги поделиле по пола).
Се проценува дека вкупната заработка на Саша во последните неколку години (вклучувајќи 7.5 милиони евра од продажбата на компанијата), достигнала износ од околу 10.5 милиони евра.
View this post on Instagram A post shared by Saša Popović (@sasapopovicofficial)
The post ОТВОРЕН ТЕСТАМЕНТОТ НА САША ПОПОВИЌ – Откриена мистеријата за семејното наследство, видете го списокот што наследи Сузана! (ФОТО) appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



