Муцунски-Ландау: Македонија делува како конструктивен фактор во регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на земјата, Тимчо Муцунски, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, одржа работен состанок со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, соопшти Министерството за надворешни работи.

Разговорите се однесуваа на теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западен Балкан, со акцент на соработката во рамките на НАТО и нејзиното значење за колективната безбедност.

„Ги потврдивме блиските и пријателски односи, како и силната и конструктивна соработка со САД како наш стратешки партнер. Разменивме мислења за потенцијалот за понатамошна соработка и ја потврдивме нашата подготвеност за нејзино продлабочување. Разговаравме за улогата на САД во стабилноста и развојот на Западен Балкан.“

„Исто така, ја нагласивме соработката во рамките на НАТО и нејзиното значење за колективната безбедност. Го нагласив нашиот придонес кон Алијансата и нашето континуирано дејствување како конструктивен фактор во регионот“, рече Муцунски. 
The post Муцунски-Ландау: Македонија делува како конструктивен фактор во регионот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: