Во семејна куќа во Чачак биле пронајдени три тела – на маж на возраст од околу 47 години и неговите родители, стари приближно 79 и 72 години. Телата ги пронашла полицијата по пријава, а увидот бил извршен веднаш по доаѓањето на екипите.
Според првичните и незванични информации, покрај телото на синот бил пронајден нож, а сомнежите упатуваат на тоа дека тој најпрво ги убил своите родители, а потоа си го одзел и сопствениот живот со убод во пределот на градите.
Иако телата беа пронајдени вчера, постои голема веројатност трагедијата да се случила неколку дена претходно, а не истиот ден кога била откриена. Точното време на смртта допрва ќе го утврдуваат истражните органи.
Комшиите сведочат дека семејството живеело повлечено и ретко комуницирало со соседите. Велат дека најчесто се поздравувале „од куртоазија“, без посебни контакти.
Интересен, но морничав детаљ што го истакнуваат жителите од околината е дека куќата каде што се случила трагедијата има „тешка историја“ – пред околу 26 години, претходниот сопственик на објектот извршил самоубиство во истата куќа.
Полицијата и форензичките служби продолжуваат со истрагата за точно да ги утврдат околностите, мотивите и времето на смртта.
The post Синот ги убил таткото и мајката пред неколку дена! Се појавуваат сè повеќе морничави детали за мистериозното злосторство во Чачак: Никој не знае кој ја повикал полицијата! (ФОТО) appeared first on Во Центар.



