Хамас е подготвен за целосно разоружување? Тие го наведоа својот единствен услов за Израел

Лидерот на Хамас за Газа и главен преговарач, Калил ал-Хаја, нагласи дека оружјето и борбите на Хамас се поврзани со постоењето на израелска окупација и агресија, објави „Ле Фигаро“.   

„Доколку окупацијата заврши, оружјето ќе биде предадено на палестинската држава“, рече Ал-Хаја, додавајќи дека се осврнал на суверена и независна Палестина.

Ал-Хаџа, исто така, потврди дека Хамас прифаќа распоредување на силите на Обединетите нации во улога на сили за раздвојување кои би биле одговорни за следење на границите и почитување на прекинот на огнот во Газа, со што, според Фигаро, се отфрла предлогот за распоредување на меѓународни сили кои би биле задолжени за демилитаризација на регионот.

Катар и Египет, како посредници и гаранти на прекинот на огнот во Газа, повикаа на повлекување на израелските трупи од палестинската територија и брзо распоредување на меѓународни сили за стабилизација за консолидирање на прекинот на огнот.

Овие мерки се предвидени во втората фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната, која започна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
The post Хамас е подготвен за целосно разоружување? Тие го наведоа својот единствен услов за Израел appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: