Професорот Дејан Трајковски од Технолошкиот факултет во Битолa изјави дека нема да се градат оградени кампови, туку станови за одбиени баратели на азил.
„Нема да се градат оградени кампови, туку ќе се градат станови за одбиени баратели на азил и тие ќе можат слободно да се движат насекаде.
Неколку илјади дополнителни луѓе, човечки остаток што е товар дури и за многу поголемата Велика Британија, ќе бидат преместени тука, можеби за да ни се прости гарантната премија од околу 339 милиони евра за заемот за брза железница (17,86% од 1,9 милијарди евра).
„Ниту ни треба брзата железница, која ќе ни донесе загуба од најмалку 3,3 милијарди евра, ниту ни требаат тие проблематични луѓе“, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.
Според него, на Македонија треба да ѝ бидат исплатени 110 илјади фунти за бегалците, за да можат да се градат станови и да се создадат работни места.
The post Трајковски: Нема да се градат оградени кампови, туку станови за одбиени баратели на азил appeared first on Во Центар.



