(Видео) Владата усвои предлог за разрешување на Коцевски

Владата го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од позицијата Републички јавен обвинител, објави денеска на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

– Причините се јавно познати и ги имаме образложено како влада, целта е јакнење на правната држава и непречено функционирање на органите на прогонот.

Владата со претходно мислење од Советот на јавни обвинители му преглага на Собранието да го разреши Коцевски поради крупни пропусти во работењето и раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесувањње на информации, повреди на тајноста на постапката, нарушување на угледот на ЈО и неговиот личен углед, објасни Митева.

Пронајдете не на следниве мрежи: