Активисти на сириската опозиција вчера објавија трогателна видео снимка од мало дете кое е спасено од под урнатините на Алепо по нов разурнувачки воздушен напад.Снимките на истоштено дете, за кое се знае дека се вика Омран Дакнеш, со лице прекриено со прашина и крв, седнато на портокалов стол во возилото за брза помош, го покажуваат целиот ужас што го преживува овој северносириски град, уништен од војната.
Според лекар од Алепо, момчето, Омран Дакнеш, е на возраст од пет години. Тоа синоќа било доведено во болницата „М10″, веднаш по воздушниот напад врз квартот Катерџи, што е под контрола на бунтовниците. Детето имало рана на главата, но без трауми на мозокот и подоцна било отпуштено од болницата.
Лекарите во Алепо користат кодни имиња за болниците, што укажува на фактот дека тие се подложни на систематски воздушни напади од страна на владините сили.
-Стравуваме дека силите за безбедност може да упаднат во мрежата на болници и да ги напаѓаат возилата за брза помош додека пациенти се префрлаат од една болница во друга, објасни лекарот кој го згрижил петгодишниот Омран.
Активисти на опозицијата информираа дека во нападот од воздух загинале осум лица, од кои пет биле деца.Снимките на истоштено дете, за кое се знае дека се вика Омран Дакнеш, со лице прекриено со прашина и крв, седнато на портокалов стол во возилото за