Која е најлошата положба за спиење?

Секој има омилена положба за спиење, но дали знаевте дека таа може сериозно да му наштети на вашето здравје? Без разлика дали спиете на грб, стомак или на страна, лекарите предупредуваат дека одредени положби можат да предизвикаат низа проблеми, од оштетување на нервите до хронична болка. Клиничкиот психолог фокусиран на спиењето Шелби Харис објасни за Fox News Digital како непријатните положби за спиење можат да извршат притисок врз нервите, мускулите и лигаментите на нашето тело.

Опасност од позицијата на Т. рекс

Една од најризичните пози е таканаречената Т. Рекс, каде што рацете се свиткани, слично како кај диносаурусите. Научниците предупредуваат дека во оваа положба често се јавува оштетување на нервите.

Преглед од 2023 година за синдромот на кубитален тунел, состојба што предизвикува вкочанетост и прободувачка болка во подлактицата, забележува дека спиењето со лакти свиткани нагло или потпрени под перницата може да ги влоши симптомите. Ако често чувствувате пецкање или забележувате дека рацете ви се вкочануваат, можеби е време да ја промените оваа положба.

Спиење на грб

Иако често се смета за здраво, спиењето на грб може да претставува и ризик по здравјето. Истражувачите од Фондацијата за спиење известуваат дека оваа положба може да придонесе за проблеми со рефлукс на киселина. Дополнително, студија објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine откри дека луѓето кои спијат на грб се посклони кон ‘рчење.

Проблеми со спиење на стомак

Спиењето на стомак, со лицето свртено кон душекот, може да доведе до неправилно држење на ‘рбетот. Студиите сугерираат дека оваа положба често предизвикува болки во грбот, вратот и рамената. На долг рок, ова може да доведе до хронични проблеми со ‘рбетот и мускулите.

Кое е решението?

Доколку страдате од болки во грбот, експертите препорачуваат да спиете на страна со нозете малку повлечени кон градите, што може да помогне во ублажување на притисокот врз ‘рбетот. Клиниката Мајо советува дека доколку не можете да спиете на ништо друго освен на стомак, обидете се да ставите перница под колковите и долниот дел на стомакот за да го намалите напрегањето.

Кога да побарате стручна помош?

Ако сте ги пробале сите позиции и ништо не ви помага да ги решите проблемите со спиењето, Харис препорачува посета на специјалист за спиење или сомнолог.

Тие можат да дијагностицираат и лекуваат нарушувања на спиењето, да ги проценат вашите навики и, доколку е потребно, да нарачаат дијагностички тестови како што се студии за спиење во текот на целата ноќ. Понекогаш, само еден повик е доволен за подобар сон и подобро здравје.
The post Која е најлошата положба за спиење? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: