Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, повика на масовно учество на митингот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.
Ахмети рече дека ОВК останува дел од националниот идентитет.
„Утре, 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот Скендербег во Скопјe, се обединуваме околу јасна цел: барањето за правда и отфрлање на измислените обвинувања на Србија и Русија.“
Се залагаме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја браниме вистината за нашата историја.
„Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, се вели во соопштението на Ахмети.
The post Ахмети: Утре масовно ќе учествуваме против измислените обвинувања од Србија и Русија appeared first on Во Центар.



