Пожар уништи магацин за преработка на дрво во Скопје

Синоќа, голем пожар избувна во магацин, при што целосно беше уништен магацин кој се користел за преработка на дрво.

Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопјe, пожарот беше ставен под контрола и не се прошири на други објекти во комплексот.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за пожарот.

На местото на настанот интервенирале неколку противпожарни екипи, кои работеле на локализирање на пламенот и спречување на понатамошна материјална штета.

Надлежните служби вршат увид на местото на настанот.
The post Пожар уништи магацин за преработка на дрво во Скопје appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: