По којзнае кој пат, „Олд Трафорд“ беше место на неверојатен натпревар кој сигурно ќе влезе во историјата на англиската Премиер лига.
Манчестер Јунајтед и Борнмут ремизираа во натпревар од 16. коло со осум гола, а на крајот беше 4:4.
Екипата на Рубен Аморим покажа карактер, играчите не се предадоа, иако губеа до 77-та минута, а на крајот освоија само бод. И тоа е реален сооднос на силите во вечерашниот натпревар, ако се земе предвид сè што покажаа двата тима.
„Црвените ѓаволи“ одлично започнаа. Се играше во 13-тата минута кога Дијало постигна гол за 1:0. Сепак, на крајот од првото полувреме гостите израмнија, а стрелец за 1:1 беше Семењо.
https://youtu.be/xVe6XGdctOs?si=tn5mFdwliWCzGsoD
Сепак, длабоко во судиското продолжение, Јунајтед ја врати предноста, а стрелец беше искусниот Касемиро.
Во второто полувреме гледавме атомски фудбал. Прво, гостите повторно израмнија во 46-тата минута, со гол на Еванлисон.
Само шест минути подоцна, на „Олд Трафорд“ завладеа тишина. Гостите поведоа со 3-2 преку Таверние.
Во тие моменти можеше да се „намириса“ нервозата на трибините, Јунајтед повторно изгледаше немоќен, но сето тоа го „поништи“ Бруно Фернандеш, кој мајсторски постигна гол од слободен удар во 77-та минута за резултат 3:3.
Само две минути подоцна, лудило на Олд Трафорд, а Куња постигнува гол за 4:3 и голем пресврт.
Кога сите очекуваа крај и нов триумф за Јунајтед, гостите преку Крупи стигнуваат до нерешен резултат, а конечниот резултат е 4:4.
По ова реми, Јунајтед остана на шестата позиција со 26 бода, додека Борнмут е 13-ти со 21 бод.
The post Лудило на „Олд Трафорд“ и осум гола во ремито на Јунајтед со Борнмут (фото/видео) appeared first on Во Центар.



