Татко од Велес ја бара 13-годишната ќерка – еве кога последно е видена!

Педесетгодишен жител на Велес ноќеска, околу 02:20 часот по полноќ, пријавил во СВР Велес дека од неговиот дом се оддалечила неговата 13-годишна ќерка А.Ј.Н.

Според пријавата, таткото изразил сомнеж дека девојчето се наоѓа во друштво на лице со иницијали Г.М. од Свети Николе, при што на полицијата ѝ дал и информации за можната локација на детето.

Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на малолетничката и за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: