И Мајкл Џексон беше на фотографиите на Епштајн: Дали учествуваше во неговите злосторства?

Откако беа објавени документите и фотографиите од истрагата за педофилот Џефри Епштајн, се издвои фотографија на која позира со Мајкл Џексон.

На фотографијата, Џексон позира со Епштајн покрај голема уметничка слика во позадина.

„Гардијан“ наведува дека не е познато кога е направена оваа фотографија, ниту каде е направена. Покрај тоа, сè уште не се утврдени околностите дали Џексон бил вмешан во некое од дејствијата на Епштајн поврзани со педофилија.

Меѓу објавените фотографии се и Епштајн како позира со Мик Џегер, Кевин Спејси и Дајана Рос. Претходно беше објавена и фотографија на која поранешниот американски претседател Бил Клинтон е со Епштајн.

Ве потсетуваме дека Министерството за правда на САД објави илјадници нови документи поврзани со истрагите на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн. Објавувањето доаѓа по месеци одложувања, а документите би можеле да обезбедат подлабок увид во злосторствата на Епштајн и неговите врски со истакнати јавни личности.
The post И Мајкл Џексон беше на фотографиите на Епштајн: Дали учествуваше во неговите злосторства? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: