Нигериски државјанин, со американски пасош, е уапсен во раните утрински часови откако физички нападнал полицаец во бар во Градскиот парк во Скопјe.
Според соопштението на Полицијата, при претресот кај дотичниот е пронајдено оружје и муниција, за кои тој немал дозвола.
„На 21.12.2025 година, во 04:30 часот, пред хотелски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР-Скопје го лишија од слобода У.И.У. (37) од Нигерија (со американски пасош и лична карта), бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. При претресот се пронајдени и одземени пиштол „Глок“, два шаржери и 30 патрони, за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна записничка“, велат од МВР.
The post Лице од Нигерија е лишено од слобода, физички нападнал полицаец во Скопјe appeared first on Во Центар.



