Кога сте несреќни во врска, последиците можат да влијаат на вашето тело. Еден експерт наброи седум знаци кои укажуваат дека треба да ја прекинете врската што е можно поскоро.
Шенон Томас, специјалист за траума психологија, изјави за „Инсајдер“ дека многу од нејзините клиенти кои биле во нездрави врски почнале да развиваат физички симптоми. Знаците вклучуваат:
Се чувствувате исцрпено
Партнерот кој ве манипулира ќе ви покаже љубов во одредени моменти, што е уште една во низата измами. Ќе имате високо ниво на хормоните на стрес адреналин и кортизол, како и допамин, кои ги чувствувате во моменти на среќа. Телото реагира на мешавината од емоции со чувство на исцрпеност.
Автоимуни проблеми
Шенон Томас наведува дека многу од нејзините клиенти имале воспаление, болка и осип, но кога оделе на лекар, тој им кажувал дека не е ништо сериозно. Таа верува дека ова се симптоми на екстремна анксиозност, а не знаци на болест.
Хормонални промени
Хормоните на стрес можат да предизвикаат реакција „бори се или бегај“ кај вас, и ако не направите ништо, овие хормони ќе го нарушат вашиот апетит.
Проблеми со меморијата и говорот
Кога вашиот партнер се обидува да ве натера да се сомневате во вашето сеќавање на одредени настани, вие сте под стрес, што влијае на вашиот мозок, а со тоа и на вашата меморија и говор.
„Видов многу клиенти на кои им е навистина тешко да читаат книги или да обработуваат нови информации или да запомнат нешто. Кога се во насилна врска, тие функции им се навистина тешки“, рече таа.
Имате напнати мускули
Ако се чувствувате напнато во близина на некого, таа советува да се прашате зошто. Телото ги чувствува проблемите иако можеби не сте свесни дека постојат.
Го игнорирате фактот дека на почетокот не ви се допаѓал партнерот
Кај луѓето кои претрпеле психолошко злоставување, забележано е дека тие навистина не го сакале својот партнер на почетокот на врската, но одлучиле да го игнорираат тоа. Поради оваа причина, многу е важно секогаш да ја слушате вашата интуиција.
Чувство на осаменост
Обидот да поправите врска која очигледно не функционира ве тера да ги игнорирате другите луѓе во вашиот живот и на крајот се чувствувате осамено.
The post Лошата врска влијае и на вашето тело: Знаци дека сте со погрешна личност appeared first on Во Центар.



