четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ сцени од Москва по експлозијата во која загинаа Илја и Максим: Тие собираат делови од тела на патот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шокантни сцени доаѓаат од Москва, каде што синоќа, околу 1:30 часот, во страшна експлозија загинаа три лица – бомбашот-самоубиец и двајца полицајци кои се обиделе да го спречат да постави експлозив на полициско возило.

Во експлозијата загинаа полицајците Илија Климанов (24) и Максим Горбунов (28) и непознат маж, на околу 37 години.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според извештаите, осомничениот носел црна качулка и маска и бил виден околу 1:15 часот наутро како „виси околу“ возилото. Двајца полицајци наводно го забележале како „шмрка“ нешто околу полицискиот автомобил, поради што му се приближиле, со намера да го уапсат. Во следниот момент, одекнала експлозија.

Во овој момент, не е јасно дали бомбашот сам го активирал експлозивот или експлозивната направа била активирана на некој друг начин. Илија и Максим претрпеле страшни повреди и биле прогласени за мртви по пристигнувањето во болница.

Голем број припадници на полицијата и специјалните единици го блокираа просторот каде што се случи убиството. На местото на настанот се наоѓаат експерти за судска медицина кои отстрануваат докази, а глетката на телото како лежи на улицата е особено шокантна. На неколку метри оддалеченост, забележана е отсечена нога…

Поврзани вести