четврток, 12 ноември 2026
Најново

КАКВА ТРАГЕДИЈА! Познат спортист (27) пронајден мртов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шокантни вести пристигнаа од италијанските Алпи

Познатиот норвешки биатлонец Зиверт Гуторм Бакен почина на 27-годишна возраст, потврди Меѓународната унија за биатлон (IBU).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Норвешките медиуми објавија дека Бакен бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лаваз на италијанските Алпи, каде што бил на тренинг камп.

– МБУ е длабоко шокирана и тажна од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Враќањето на Сиверт во биатлонот по тежок период беше извор на огромна радост за сите во семејството на биатлонот и инспиративен доказ за неговата отпорност и решителност. Неговата смрт на толку млада возраст е невозможно да се разбере, но тој нема да биде заборавен и ќе остане во нашите срца засекогаш – соопшти МБУ.

Во текот на својата кариера, тој учествуваше на 31-та трка од Светскиот куп , а својата единствена индивидуална победа ја постигна во Холменколен во 2022 година.

На норвешкиот атлетичар му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, што го исклучи од сезоната 2022/23. Тој се врати на натпреварувањата во ноември 2024 година, 984 дена по победата во Холменколен.

Поврзани вести