Ужас за Божиќ! Во тек е голема инвазија, Америка ја напаѓа оваа земја: Трамп штотуку објави, војниците стапуваат во акција на копно

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД наскоро ќе започнат копнени воени напади врз цели поврзани со нарко-картелите во Латинска Америка, нагласувајќи дека Вашингтон влегува во нова фаза во борбата против организираниот криминал, изјави тој за време на неговото божиќно обраќање пред припадниците на американската војска.

-Сега ќе слетаме – рече Трамп, зборувајќи за планираните операции против нарко-картелите, што јасно укажуваше на проширување на американското воено учество во регионот.

Порака од носач на авиони во Карибите

За време на обраќањето, американскиот претседател упати посебни честитки до екипажот на носачот на авиони „УСС Џералд Форд“, кој моментално е распореден во Карипското Море.

– Тоа е многу интересно место за престој во моментов –  рече Трамп, алудирајќи на зголемените безбедносни активности и присуството на американската војска во тој дел од светот.

Притисок врз Венецуела и најава за поширока операција

Порано оваа недела, Трамп ѝ се закани на Венецуела со „невиден шок“, барајќи од Каракас да ја врати она што тој го опиша како „украдена“ американска нафта, територија и други средства. Овие изјави беа дадени паралелно со најавата за претстојниот почеток на копнени напади против нарко-картелите, како дел од пошироката американска стратегија за борба против трговијата со дрога во Латинска Америка.

Според изјавите од Вашингтон, операциите ќе бидат насочени кон клучните структури на криминалните мрежи вклучени во трговијата со дрога, а американската администрација најавува дека нема да се двоуми да употреби воена сила со цел, како што велат, да ја заштити националната безбедност на САД и регионалната стабилност.
The post Ужас за Божиќ! Во тек е голема инвазија, Америка ја напаѓа оваа земја: Трамп штотуку објави, војниците стапуваат во акција на копно appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: