Мицкоски: Наша должност како генерација е да се бориме за подобар живот и подобра Македонија

Во мое лично име и во име на Владата, им посакувам среќен празник на сите граѓани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ според Грегоријанскиот календар со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје, се вели во објавата на Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски.

„Да им подадеме рака на нашите соседи и сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние кои се соочуваат со предизвици. Божиќ е празник на давање и споделување љубов и меѓусебно разбирање. Нашата традиција како земја и општество нè научила низ вековите дека заедно сме посилни и заедно можеме да ги надминеме сите пречки и искушенија со кои се соочуваме“, напиша Христијан Мицкоски.

Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, посакувам голем напредок, перспектива и стабилност за нашата татковина.

„Нека празничните моменти бидат потсетник дека мора да се обединиме, бидејќи заедно можеме да изградиме посилна, пообединета и поуспешна Македонија, земја во која секој граѓанин се чувствува вреден, заштитен и исполнет со надеж за подобра иднина.“

„Нашата должност како генерација е да се бориме со Божјата промисла, да се бориме за подобар живот и подобра Македонија за сите нас како народ и за нашите идни генерации“, додава Мицкоски.
The post Мицкоски: Наша должност како генерација е да се бориме за подобар живот и подобра Македонија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: