Во насока на надминување на долгогодишната ситуација со загубите и честите дефекти во снабдувањето со електрична енергија во скопската населба Серава, претставниците на Електродистрибуција деновиве одржаа конструктивни состаноци со претставници на општината Чаир, претставници на Министерството за енергетика, како и Министерството за внатрешни работи, каде што се дефинираа конкретните чекори за реализација на планот за реконструкција на нисконапонската мрежа.
Теренските активности започнуваат денес со поправка на тековните дефекти, а од понеделник екипите на Електродистрибуција интензивно ќе работат на реконструкција на дистрибутивната мрежа во сите улици на оваа населба.
Плодната соработка меѓу компанијата и државните институции ќе обезбеди сигурна испорака на електрична енергија во овој регион, како и и правилно мерење на потрошувачката за секој поединечен корисник.
Со почит,
Електродистрибуција



