Христијан Мицкоски одговори на прашањето во врска со изборот на вршител на должноста државен јавен обвинител и очекувањата од обвинителската сфера во наредниот период.
Мицкоски нагласи дека, врз основа на информациите што ги има, постапката за избор на државен обвинител во Собранието треба да заврши во рок од 2 месеци. Критериумите за избор, според Мицкоски, се усогласени со Законот за јавно обвинителство, кој го донесе претходната влада на СДСМ и ДУИ, а кој ја забрануваше можноста истакнати професори, адвокати и правници да бидат избрани за државни јавни обвинители.
„Очекувам дека во овој период ќе биде избран јавен обвинител и тој јавен обвинител ќе започне со фундаментална и тешка работа. Многу работи го чекаат. Во еден неформален разговор со колегите во Владата и институциите во изминатите година и пол, повеќе или помалку обесхрабрувачки за сите нас, се појави феномен во кој институциите поднесуваат кривични пријави, а обвинителството молчи. И ако разговарате со членови на владата и институциите, ќе видите дека има неколку стотици такви случаи. Ние кои сме учтиви и не правиме шоу или не се обидуваме да влеземе дома наутро, пред децата на осомничените, и под маската на истрага да снимаме со камери, како што беше случај во минатото, тоа не значи дека тие пријави не се поднесени. Логично е граѓаните често да реагираат“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски рече дека ги разбира граѓаните, но треба да се знае дека стотици вакви случаи лежат во фиоките на Обвинителството. Обвинителот мора да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, а потоа преку процеси и довербата во судовите.
The post Мицкоски: Очекувам Државниот јавен обвинител да се справи со кривичните пријави што се во фиоките на обвинителите appeared first on Во Центар.



