Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места во источните делови врнежите ќе бидат од снег.
Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.



