ЈСП: Студентите да ги продолжат/заверат билетите за 2026 година

ЈСП Скопје, ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.

Продолжувањето/заверувањето на билетот започна од вчера (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година, соопштуваат од ЈСП.
The post ЈСП: Студентите да ги продолжат/заверат билетите за 2026 година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: