Камери од системот „Безбеден град“ се поставени и по улиците и булеварите на Тетово во последните денови. Во Тетово, досега немало вакви камери на градските улици, туку само на влезот во градот од скопската страна.
Камерите се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, но граѓаните велат дека забележале вакви камери и на други места.
Тетоварчани се надеваат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за регулирање на хаотичниот сообраќај во градот.
Камери од системот „Безбеден град“ веќе се инсталирани во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“.
Периодот на тестирање започна на 1 декември, додека системот официјално ќе започне со работа со казни на 1 февруари. МВР објави дека во првите 24 часа од периодот на тестирање се регистрирани над 110.000 прекршоци.
The post Почнува инсталацијата на камери од системот „Безбеден град“ и во Тетово appeared first on Во Центар.



