Кина ги заострува односите со САД: Американските компании што продаваат оружје на Тајван добија санкции

Кинеското Министерство за надворешни работи денес објави санкции насочени кон 10 поединци и 20 американски одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван.

Министерството соопшти дека мерките ги замрзнуваат сите средства во сопственост на компании и поединци во Кина и им забрануваат на домашните организации и поединци да соработуваат со нив.

На лицата на листата, вклучувајќи го основачот на одбранбената компанија „Андурил индустрис“ и девет високи раководители на санкционирани фирми, им е забранет влез во Кина.

Други компании на листата се „Нортроп Груман Системс Корпорејшн“ и „Л3Харис Маритим Сервисиз“. Овој потег доаѓа откако Вашингтон минатата недела објави продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарди долари, што е најголемиот пакет оружје на САД некогаш продаден на Тајван.

„Прашањето за Тајван е јадрото на интересите на Кина и првата црвена линија што не смее да се премине во односите меѓу Кина и САД“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
The post Кина ги заострува односите со САД: Американските компании што продаваат оружје на Тајван добија санкции appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: