четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп: Требаше порано да ја нападнеме ИСИС, но им наредив да почекаат и да им дадат божиќен подарок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американскиот воен напад врз милитантите на Исламска држава во Нигерија првично бил закажан да се случи во среда, но наредил да биде одложен за еден ден.

„Требаше да го направат тоа порано. А јас реков: „Не, ајде да им дадеме божиќен подарок“… Тие не мислеа дека тоа ќе се случи, но ние силно ги погодивме. Секој табор беше десеткуван“, изјави Трамп за Политико.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во четврток, Трамп објави дека САД извршиле воздушни напади врз членови на Исламска држава во северозападна Нигерија, поради нападите на групата врз христијаните во регионот.

„Вечерва, по моја команда како врховен командант, Соединетите Американски Држави започнаа моќен и смртоносен удар против терористичката банда на ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и со векови!“, напиша Трамп во објава на платформата Truth Social во четврток.

Африканската команда на американската војска објави дека нападот е извршен на барање на нигериските власти и дека во него се убиени неколку членови на ИСИЛ.

Поврзани вести