Во текот на вечерта, Шер се пресоблече во црни светкави панталони и сребрен светкав топ, а ја промени и фризурата – од руса во црна.
Легендарната Шер се појави во нова епизода од „Saturday Night Live“, каде што се врати по речиси 40 години. Пејачката пред публиката ги изведе песните „DJ Play a Christmas Song“ и „Run Rudolph Run“, кои беа на нејзиниот албум „Christmas“ од 2023 година.
Освен што ја воодушеви публиката со својот настап, Шер привлече внимание и со своите комбинации и младешкиот изглед . Таа го изведе својот прв настап во кожна јакна и тренерка од брендот Chrome Hearts, дизајнирани во соработка со Deadly Doll и вредни 6.400 долари. Музичката ѕвезда имаше руса коса за време на својот прв настап.
Во текот на вечерта, Шер се пресоблече во црни светкави панталони и сребрен светкав топ, а ја промени и фризурата – од руса во црна.
Клипови од нејзините настапи се проширија низ социјалните мрежи, а многумина истакнуваат дека Шер, која се приближува кон својот 80-ти роденден, изгледа многу помлада. „Иако се приближува кон 80-тите, изгледа како да има 20 години“ , „Има речиси 80 години и сè уште изгледа одлично“, „Изгледа речиси исто како порано. Ќе го земам она што го има“, „Драго ми е што докажува дека годините се само бројка“, беа некои од коментарите.
Иако многумина ја пофалија за нејзиниот младешки изглед, некои ја обвинија за синхронизирање на усните. „Ја сакам Шер, но ова беше лошо синхронизирање на усните. Можеби не се чувствуваше добро или нешто слично?“, „Очигледно само ја отвораше устата во првата песна“, „Само ми е жал што ја отвораше устата – но инаку изгледаше фантастично“, напишаа тие. Додека на некои не им се допадна фактот што, според нив, таа не пееше во живо, други се пошегуваа и рекоа дека таа е единствената пејачка која „може да се извлече“ пеејќи песни на репродукција.
„Отворањето уста е иконско. Те сакаме, Шер“, „Брзо, некој да ѝ даде лекција како да отвора уста“, „Нејзиниот микрофон беше сè друго освен вклучен… Моќен“, „Не ми е гајле, Шер може да прави што сака и е неверојатна“, рекоа обожавателите.
The post „Зошто изгледа 30 години помладa?!“ Шер се појави во легендарното шоу, гледачите ги триеја очите од неверување (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



