Нето минималната плата во Турција ќе изнесува 28.075 турски лири од почетокот на идната година.Станува збор за 556 евра. Одлуката ја објави министерот за труд и социјална политика на Турција, Ведат Ишихан.
Зголемувањето е за 27 проценти во споредба со претходната година и влијае на 7 милиони работници во Турција. Турција воведува полудневна работа за државни службеници со деца. Конечното утврдување на минималната плата беше постигнато по три последователни состаноци на социјалните партнери – на 12, 18 и 23 декември.
Работодавците кои исплаќаат минимална плата ќе бидат поддржани од државата со 1.270 турски лири или 25 евра по работник.
The post Турција ја зголемува минималната плата appeared first on Во Центар.



