Деспотовски: Една одлука не може и нема да дозволам да избрише 30 години работа, љубов и жртва

Откако СДСМ излезе со информација дека ќе бара исклучување на Јован Деспотовски од партијата со образложение дека работи одвнатре во соработка со ВМРО-ЗНАМ, во Фејсбук статус Деспотовски му порача на Филипче дека со една одлука не може да избрише 30 години работа.

– Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме. СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде.

Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, стои во објавата на Деспотовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: