Патнички автобус паднал во бездна длабока 75 метри: 15 лица загинале, меѓу кои и дете

Најмалку 15 лица загинаа кога патнички автобус падна во клисура длабока 75 метри на автопат во западна Гватемала , соопштија локалните власти.

– Во оваа сообраќајна несреќа има 15 жртви – изјави за новинарите Леандро Амадо, портпарол на доброволната противпожарна служба, пренесува „Фигаро“.

Тој додаде дека во несреќата имало околу 20 повредени, кои биле префрлени во болници во близина на местото на несреќата.

Меѓу жртвите има 11 мажи, три жени и еден малолетник , според истиот извор.

Причината за оваа несреќа сè уште е непозната.
The post Патнички автобус паднал во бездна длабока 75 метри: 15 лица загинале, меѓу кои и дете appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: