Македонското радио – Радио Скопје, 81 година во етерот!

..на радиото сепак му треба подмладок, му треба нова опрема , му треба да му се врати енергијата  и силата на една од најсилните новинарски школи, од каде излегоа безброј новинарски имиња кои го поклопија  и го поседуваат македонскиот медиумски простор . Му треба респект и одвнатре во МРТВ  и однадовр  како медиум кому му треба институционална поддршка.

Зборува Радио Скопје… Вака, пред точно 81 година, почна приказната за Македонското радио – Радио Скопје, која до ден-денешен одекнува во етерот со истите сила, топлина и доверба. Од далечната 1944 година, радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на информации, музика и култура. Радиото има клучна улога во негувањето на македонските јазик, музика и култура. Гласовите на радиоводителите остануваат препознатлив симбол, со личности што се вечни во сеќавањата.
И 81 година подоцна, Македонското радио – Радио Скопје, во време на брзи медиумски промени, останува медиум и натаму присутен  и иако без подмладок и скромни технички ресурси  сè уште зборува и е и натаму професионален и непристрасен.
Поранешните радиски новинари зборуваат дека на радиото сепак му треба подмладок, му треба нова опрема , му треба да му се врати енергијата  и силата на една од најсилните новинарски школи, од каде излегоа безброј новинарски имиња кои го поклопија  и го поседуваат македонскиот медиумски простор . Му треба респект и одвнатре во МРТВ  и однадовр  како медиум кому му треба институционална поддршка.
ПО експанзијат на новите медиуми, електронски и on line, потребни се реформи и мултимедијалност и во најстаротото радио, поголема мотивација на вработените до колку сакаме да се слави  и натаму и опстојба и  успешни јубилеи на  медиумот односно на радиоти што и зборуе и се слуша.

Нека радиото и понатаму биде глас на граѓаните и чувар на македонскиот збор.

Пронајдете не на следниве мрежи: