ДКСК од следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери

Шеесет функционери, десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник ќе бидат опфатени во Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2026 година, а нивните имиња ќе бидат утврдени следниот месец.

ДКСК на денешната 26. седница го усвои Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2026 година, а нејзиниот претседател Адем Чучуљ рече дека ги зеле предвид препораките на Европската комисија при што одлучиле да биде зголемен бројот на функционерите, што ќе бидат опфатени.
-Имајќи ги предвид препораките од Европската комисија за зајакнување на следењето на имотната состојба од страна на ДКСК предлагаме да биде зголемен бројот на функционерите, опфатени во ова следење на итмотната состојба и судирот на интереси, на 60, рече Чучуљ.
Тој појасни дека имињата на судиите, обвинителите пратениците, министрите, сегашните и поранешните градоначалници ќе бидат утврдени во јануари, врз основа на анализа на податоците во електронската база на податоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: