Трагична несреќа во Гостивар, едно лице загина

СВРбТетово соопштува дека во село во Гостивар се случила трагична сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.

„На 30.12.2025 година околу 15:15 часот, во СВР Гостивар е пријавено дека во селото Долна Бањица во Гостивар, М.К. (69) од истото село, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола и се превртел.

Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, додека лекарот од Итната помош во Гостивар ја констатирал неговата смрт.

„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција, додека увид на местото на настанот изврши екипа на ДПБ од Гостивар“, се наведува во соопштението на СВР Тетово. 
The post Трагична несреќа во Гостивар, едно лице загина appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: