Возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек

Пијани возачи ноќеска предизвикале сообраќајни незгоди и материјална штета. Возач од Кочани, пак, возел во спротивна насока на кружен тек.

МВР информира дека во Кочани приведен е 69-годишниот Д.Ѓ. кој на кружен тек возел во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“.

Во 04:55 часот во Велес приведен е 29-годишниот З.Ј. кој возел со 1,66 промили алкохол и на улицата „Димитар Влахов“ во Велес со патничко возило „сеат“ удрил во метална канделабра.

Во Тетово, 54 минути по полноќ приведен е 19-годишниот А.З. кој имал 1,68 промили алкохол и кој на улицата „Иво Рибар Лола“ со патничко возило „фолксваген голф“ удрил во рабник, а потоа во Клиничката болница Тетово нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

Пронајдете не на следниве мрежи: