ЦИА го негираше Путин, но и Трамп: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин во Москва

ЦИА процени дека Украина не ја таргетирала резиденцијата што ја користел рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотни летала на северот од неговата земја, изјавија американски претставници за Си-Ен-Ен.

Оваа проценка го доведува во прашање тврдењето што рускиот лидер му го упати на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за време на телефонскиот разговор во понеделник.

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, го информирал Трамп за таа проценка во среда, соопштија официјални лица.

Во понеделник, Русија јавно обвини дека Украина се обидела да го нападне домот на Путин, а Трамп им рече на новинарите дека Путин му кажал за тоа за време на телефонски разговор.

Во тоа време, Трамп рече дека бил вознемирен од наводната акција, оставајќи впечаток дека му верува на рускиот лидер, иако Украина категорично негираше дека стои зад таков напад.

„Не ми се допаѓа тоа. Тоа не е добро“, рече Трамп, наведувајќи дека бил „многу лут“ кога го слушнал тврдењето.

Тој призна дека е „можно“ обвинението да е лажно и дека таков напад не се случил, но потоа додаде дека „Путин му рекол дека е вистина“.

Извори велат дека Ратклиф подоцна го информирал Трамп дека ЦИА не верува дека тврдењето е точно.

Тврдењето на Путин за нападот, како и последователната проценка на САД дека тоа не е вистина, дојде во време на интензивни разговори предводени од Трамп со неговите претставници, со цел да се стави крај на војната во Украина.

Путин го изнесе обвинението еден ден откако Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Мар-а-Лаго, а по таа средба изгледаше оптимист во врска со напредокот кон посредување кон мир во конфликтот.

Некои европски претставници рекоа дека тврдењето е обид на Путин да ги саботира мировните напори без да предизвика гнев кај Трамп.

Други, исто така, фрлаат сомнеж врз руското тврдење. Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи, Каја Калас, во средата изјави дека станува збор за „намерно диверзија на вниманието“.
The post ЦИА го негираше Путин, но и Трамп: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин во Москва appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: