Шверцери и блиски на Фатон Љури протестираа пред Кривичен поради затворската казна за прегазувањето на човек

Група чаирчани , меѓу кои водачот на „Шверцери “и роднини и пријатели на Фатон Љури,  протестираа пред Основниот кривичен суд Скопје. Дел од нив маскирани и со брендирани мајци, на   протестот го искажаа своето незадоволство и несогласување со затворската казна од 11 години што Кривичен му ја изрече на Љури во понеделникот (29 декември 2025 г.) за сообраќајката во која тој во јули со мотор, без возачка дозвила, на пешачка патека смртно го прегази 68-годишниот Југослав Николовски.

Протестот, групата граѓани, го започнаа од населбата Чаир, од каде носејќи транспарентни на кои пишуваше „Правда за Фаон Љури“, „Правда под притисок не е превда“ и извкувајќи „Сакаме правда“, пристигнаа пред зградата на скопскиот Основен кривичен суд.
Оттаму тие испратија пораки и до судијката и обвинителката, наведувајќи дека изречената казна е превисока.

„Денеска сме собрани тука за да кажеме дека сме револтирани од казната што му беше изречена на нашиот другар Фатон Љури. Зошто да се казни 24-годишен млад човек кога несреќата се случила несакајќи. Тоа може да ни се случи на сите“,рече Фатмир Јашари, фронтменот на Шверцери, инакку близок соработник на геадоначалникот  на Чаир Изет МЕџити

Тој додаде дека и претходно имало вакви случаи во кои обвинетите биле казнети со минимални казни, а како пример го наведе случајот со Бобан Илиќ кој во 2016 прегази четигодишно дете во Куманово, по што беше осуден на шестгодишна затворска казна, а демек ова тука се случува затоа што тие биле Албанци , алудираше Јашари
Тие скандираа Нема прада -Нема мир ! 

КРИВИЧЕН РЕАГИРА НА ПРОТЕСТОТ: „Обвинетиот сам призна вина – пресудата не се менува со притисоци, туку на Апелација


Судот во понеделникот го прогласи Љури за виновен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 297 став 1, во врска со член 300 став 2 од Кривичниот законик.

Пронајдете не на следниве мрежи: