Денес и утре, поради празникот Бадник во Грција, според предупредувањата, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и се очекува сообраќајот да се одвива без проблеми, како што беше случајот за Божиќ и Нова Година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните.
Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што соопшти АМСМ, сообраќајот за товарни возила ќе биде во прекин од 9:00 часот.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, а еден ден подоцна, на 1 декември, земјоделците од северна Грција ги паркираа своите трактори на граничниот премин Евзони и го блокираа сообраќајот кон и од нашата земја по неколку часа секој ден, со исклучок на деновите пред и по Божиќ, Нова Година, а сега и за Бадник, како што е случај со сите блокади низ цела Грција.
The post Денес и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон Македонија appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



