Швајцарските локални власти признаваат дека не спровеле периодични инспекции за противпожарна заштита и безбедност во текот на изминатите пет години во бар каде што во пожар загинаа 40 лица, а 116 беа повредени.
„Периодични инспекции не беа спроведени помеѓу 2020 и 2025 година. Горчливо жалиме за ова“, изјави градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро, на прес-конференција во алпскиот ски-центар, пет дена по катастрофата во барот „Ле Констелашн“.



