Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден би можел да добива пензија од 417.000 долари годишно, благодарение на фактот дека работел многу години како федерален службеник.
Таа пензија би била повисока од платата што ја добивал како претседател на Соединетите Американски Држави и повисока од пензиите на претходните претседатели, пренесува „Фокс њуз“.
Проценката е направена врз основа на долгата кариера на Бајден во политиката, што значи дека тој има право да добива бенефиции според Законот за поранешни претседатели од 1958 година, како и пензиски бенефиции од системот за пензионирање на државните службеници за време на неговиот мандат како сенатор и потпретседател.
Законот за поранешни претседатели од 1958 година предвидува дека претседателските пензии се еднакви на платите што ги примаат секретарите на кабинетот, што моментално изнесува 250.600 долари, а покрај тоа, Бајден би можел да има право на дополнителни 166.374 долари, врз основа на неговите сенаторски и потпретседателски мандати и според Законот за пензиски систем на државните службеници.
Бајден ја започна својата кариера како американски сенатор во 1972 година, а осум години, почнувајќи од 2009 година, беше потпретседател на поранешниот претседател Барак Обама, заработувајќи 400.000 долари годишно во тој период.
Според извештаите, во Конгресот се во тек напори за ограничување на заработката на поранешните претседатели откако ќе ја напуштат функцијата.
Претходните иницијативи за ограничување на претседателските пензии не успеаја, па Обама на крајот стави вето на сличен закон што Конгресот го поддржа во 2016 година, непосредно пред да ја напушти Белата куќа.
Се вели дека долгата политичка кариера на Бајден му овозможила да се пензионира со најголемата пензија финансирана од даночните обврзници од кој било поранешен претседател во историјата на САД – 417.000 долари, или повеќе од неговата претседателска плата.
Таа годишна сума, се вели во соопштението, е двојно поголема од онаа што ја добива Обама и 17.000 долари повеќе од претседателската плата на Бајден од 400.000 долари годишно.
The post Бројка од која се врти во главата: Откриено колку пензија би можел да добие Џо Бајден appeared first on Во Центар.



