Девизните резерви се зголемија на 4,9 милијарди евра

На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви достигнаа 4.925,3 милиони евра, што е зголемување од 63,1 милиони евра во споредба со претходниот месец, објави Народната банка.

Поголемиот дел од девизните резерви се инвестирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).

Како што неодамна изјави гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се за околу 50 проценти повисоки отколку во 2019 година и се на удобно ниво што гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенција, доколку е потребно.

„Ако земеме предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот најмалку четири месеци, тие моментално изнесуваат 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди“, рече Славески во телевизиско гостување.
The post Девизните резерви се зголемија на 4,9 милијарди евра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: