Барселона ќе го откупи договорот на Маркус Рашфорд, а тој ќе стане играч на каталонскиот клуб од лето.
Англискиот напаѓач пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето како позајмен од Манчестер Јунајтед, откако беше отпишан од тогашниот тренер Рубен Аморим.
Аморим неодамна беше отпуштен, што би можело да значи враќање на Рашфорд на „Олд Трафорд“, но челниците на Барселона нема да се согласат со тоа, објави Goal.com.
Да потсетиме дека Барселона го позајми Рашфорд со опција за откуп за 30 милиони евра, која ќе ја активира, а челниците на Барселона минатиот месец беа поддржани од членовите на клубот, кои гласаа за неговото останување со 54,6 проценти.
Самиот Рашфорд неколку пати нагласи дека е среќен во Барселона, а официјализирањето на откупот на договорот е само прашање на денови.
The post Барселона донесе одлука, ќе го купи Рашфорд од Манчестер Јунајтед appeared first on Во Центар.



