Многумина кои успешно ослабеле со Оземпик и слични лекови од групата агонисти на GLP-1 се соочуваат со голем предизвик по прекинувањето на терапијата.
Гладот се враќа, честопати посилен од претходно, а со него и изгубените килограми. Ова укажува дека пациентите би можеле да развијат долгорочна зависност од овие популарни инјекции, пишува „Футуризам“ .
Една од нив е Тања Хол , корисничка на Вегови , која не се осмелува да ја прекине терапијата.„Бев дебела првите 38 години од мојот живот, а сега сум 38 килограми полесна“, рекла таа.
„Затоа дел од мене чувствува дека имам зависност од продолжување на земањето, бидејќи ми дава чувство на контрола.“
Доживотна терапија?
Овие искуства се поткрепени со истражувања кои покажуваат дека пациентите често враќаат голем дел од тежината што ја изгубиле по прекинувањето на лекот. Ова укажува дека многу корисници ќе мора да ја третираат дебелината како хронична состојба која бара доживотна терапија.
Опра Винфри се согласува , изјавувајќи за списанието „Пипл“ минатиот месец дека планира да остане на терапија на неодредено време. „Тоа ќе биде доживотна работа“, рече Опра.
„Земам лекови за висок крвен притисок и ако престанам, повторно ќе ми се покачи крвниот притисок. Сега сфаќам дека е исто и со овие лекови. Си докажав себеси дека ми се потребни.“
Според истражувањето спроведено од производителот на Оземпик , Ново Нордиск , пациентите кои престануваат да го земаат лекот враќаат во просек две третини од изгубената тежина. Д-р Хусеин Ал-Зубаиди го потврди трендот за Би-Би-Си , велејќи дека во неговата пракса видел пациенти како враќаат помеѓу 60 и 80 проценти од изгубената тежина.
Сепак, постои решение.
Иако ситуацијата може да изгледа безнадежна, д-р Ал-Зубаиди нагласува дека не е сè изгубено. Клучот е пациентите да имаат „стратегија за излез“, што вклучува усвојување на поздрави навики во животот додека се на третман. Ваквите промени можат да помогнат во одржувањето на губењето на тежината дури и по прекинувањето на лековите.
Ова ѝ се случи на Елен Огл , која за Би-Би-Си изјави дека ослабела околу 22 килограми со помош на лекот Мунџаро од Ели Лили . За време на третманот, таа го променила начинот на исхрана и вовела редовна физичка активност.
Благодарение на ова, таа успеа да ја одржи својата нова тежина дури и по прекинувањето на инјекциите.„Сакам луѓето да знаат дека животот по Мунџаро може да биде одржлив“, рече таа.
The post Нешто им се случува на луѓето кои ќе престанат да го земаат Оземпик appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



