Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информираше дека градот е целосно подготвен за зимски услови и дека снегот не може да ги изненади градските служби.
„Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена екипите се постојано на терен и будно ја следат состојбата на сите сообраќајни правци“, напиша Ѓоргиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека се обезбедени доволни количини сол, која се користи во соодветно време во согласност со температурите под нулата и ризикот од замрзнување на патиштата.
Во исто време, кризниот штаб работи 24 часа на ден, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење низ градот.
Градоначалникот апелираше до сите учесници во сообраќајот да бидат повнимателни и строго да се придржуваат до препораките за возење во зимски услови.
The post Ѓорѓиевски: Градот Скопје е подготвен за зимски услови appeared first on Во Центар.



