Некои холивудски ѕвезди протестираа против американската Служба за имиграција и царина (ICE) на доделувањето на наградите „Златен глобус“, по неодамнешните смртоносни пукотници врз Рене Гуд и Кит Портер.
На 83-тото доделување на наградите „Златен глобус“ , што се одржа во неделата вечерта во хотелот „Беверли Хилтон“, актерите, меѓу кои и Марк Рафало и Ванда Сајкс, носеа значки со зборовите „БИДИ ДОБАР“ и „ИЗЛЕЗИ СИ“ .
Според нив, значките се посветени на жртвите и претставуваат повик за одговорност и промени во спроведувањето на имиграциската политика.
Рафаело на црвениот тепих рече дека ја носи значката во спомен на Рене Гуд, која наводно била убиена за време на интервенција на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Минеаполис на 7 јануари.
Mark Ruffalo and Wanda Sykes wear “be good” pins at the Golden Globes in honor of Renee Nicole Good, the Minneapolis woman fatally shot by ICE. pic.twitter.com/YPCMRtCdnC— USA TODAY (@USATODAY) January 12, 2026
„Ова е за Рене Никол Гуд, која беше убиена“, изјави Рафало за „Ју-Ес-Еј Тудеј“ на црвениот тепих. Тој остро ја критикуваше сегашната американска администрација и американскиот претседател Доналд Трамп, кого го нарече „најлошото човечко суштество“.
„Се наоѓаме во војна со Венецуела, која ја нападнавме нелегално. Тој му кажува на светот дека меѓународното право не му е важно. Единственото нешто што му е важно е неговиот сопствен морал, но тој човек е осуден криминалец; осуден силувач. Тој е педофил. Тој е најлошото човечко суштество. Ако се потпреме на моралот на овој човек за најмоќната земја во светот, тогаш сите сме во голема неволја“, рече актерот.
Рафаело рече дека луѓето во САД се „исплашени и трауматизирани“.
„Знам дека сум еден од нив. Ја сакам оваа земја. А она што го гледам дека се случува овде не е Америка“, истакна тој.
Комичарката Ванда Сајкс, исто така, рече дека јавните личности имаат обврска да проговорат против она што таа го нарече „злоупотреба на моќ“, оценувајќи ги постапките на Стејт департментот кон мигрантите како неприфатливи.
„Мораме да проговориме и да ја запреме оваа одметничка влада. Ужасно е што им прават на луѓето“, рече таа во изјава за медиумите пред церемонијата.
Some celebrities, including Mark Ruffalo and Wanda Sykes, wore anti-ICE pins at the US Golden Globes awards ceremony on Sunday to pay tribute to Renee Nicole Good, who was fatally shot by Immigration and Customs Enforcement (ICE) officer Jonathan Ross in Minneapolis earlier that… pic.twitter.com/uZK2lmYRV1— Global Times (@globaltimesnews) January 12, 2026
Протестот со црвениот тепих е дел од пошироката кампања „ICE Out For Good“, во која се одржаа околу 1.000 мирни протести и бдеења низ САД во текот на викендот.
Кампањата е поддржана од Американската унија за граѓански слободи (ACLU), која објави дека целта на акциите е да се обрати внимание на жртвите, да се побара одговорност и да се привлече вниманието кон она што тие го нарекуваат хуманитарни последици од сегашните политики.
Рене Гуд (37), мајка на три деца, беше смртно застрелана од службеникот на американската служба за имиграција и царина, Џонатан Рос, во Минеаполис на 7 јануари.
Портер беше човек од Лос Анџелес кој беше убиен од агент на ICE кој не беше на должност на новогодишната ноќ.
The post „Тој е педофил“: Марк Рафало жестоко го критикуваше Трамп на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ФОТО/ВИДЕО appeared first on Во Центар.



