Димитриеска-Кочоска: Најголемиот американски пензиски фонд инвестираше во еврообврзница од една милијарда евра

Министерството за финансии издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок на достасување од 4 години и рок на достасување од 8 години. Каматните стапки за двете транши се: 3,875 проценти за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 проценти за траншата со рок на достасување од 8 години.

„Ова се историски маржи што Министерството за финансии успеа да ги постигне. Во услови кога имаме највисок процент на јавен долг во однос на БДП, постигнавме и добивме најдобри резултати“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на денешната прес-конференција.

Таа рече дека интензивни преговори со инвеститорите се воделе три месеци и дека детално биле одговорени нивните прашања во врска со економската состојба во земјата и идните планови.

„За првпат добивме инвеститори кои никогаш претходно не инвестирале во еврообврзница на една земја, а меѓу нив беа и пензиски фондови кои ќе ги чуваат еврообврзниците до нивното достасување. Штом пензиските фондови, кои се многу претпазливи, одлучат да инвестираат, ова е позитивен сигнал. Таквиот фонд е најголемиот пензиски фонд во Соединетите Американски Држави, но не би споменувала имиња за да не влегувам во такви дискусии. Горда сум што успеавме да привлечеме вакви инвеститори. Ова покажува дека ситуацијата во земјата се менува и тие гледаат позитивна енергија кај нас“, додаде Кочоска.

Таа исто така изјави дека половина од еврообврзницата од 500 милиони евра е долгорочна, со рок на достасување од осум години, така што ниту еден од нејзините идни наследници нема да има тешкотии со отплатата на обврските.
The post Димитриеска-Кочоска: Најголемиот американски пензиски фонд инвестираше во еврообврзница од една милијарда евра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: