Дали вашиот автомобил мириса лошо иако штотуку го измивте? Причината за ова е дел што многу возачи го игнорираат, еве како да се ослободите од него

Непријатниот мирис во автомобилот честопати погрешно се поврзува со валкани седишта, тапацир или подни простирки. Повеќето возачи инстинктивно посегнуваат по правосмукалка, средства за чистење или освежувачи на воздух, не сфаќајќи дека вистинската причина за проблемот обично се крие на многу поедноставно и помалку видливо место.

Скриениот виновник е вентилацијата

Во многу случаи, изворот на непријатниот мирис е филтерот во кабината. Овој дел од возилото има задача да ја држи прашината, поленот, влагата и другите нечистотии од надворешниот воздух пред да влезат во внатрешноста на автомобилот. Со текот на времето, филтерот се затнува и се навлажнува, што создава идеални услови за развој на бактерии и мувла.

Филтерот во кабината е постојано изложен на надворешната средина, особено во дождливите денови или кога автомобилот не се вози долго време. Во такви услови, непријатните мириси се задржуваат во системот и со секое активирање на вентилацијата, тие стигнуваат директно во кабината.

Како да препознаете дека проблемот е во филтерот

Јасен знак дека филтерот во кабината е причина за непријатниот мирис е неговото интензивирање во моментот кога се вклучува климатизацијата или греењето. Ова обично значи дека проблемот не доаѓа од внатрешноста на возилото, туку од системот за вентилација низ кој поминува воздухот.  Затоа мирисите често исчезнуваат кога се исклучува вентилацијата, а се појавуваат повторно штом се вклучува воздухот.

Едноставно решение без хемикалии

Во многу случаи, едноставната замена на филтерот за кабина целосно го решава проблемот . Нема потреба од скапи спрејови, освежувачи или агресивни средства за дезинфекција. Ваквите производи само привремено го маскираат непријатниот мирис, додека валканиот филтер останува извор на проблемот. Инсталирањето на нов филтер обезбедува проток на чист воздух и ја отстранува причината за непријатните мириси од самиот корен.

Првиот чекор пред големото чистење

Доколку забележите постојан и непријатен мирис во вашиот автомобил , пред да започнете со детално миење на ентериерот или да користите хемиски средства, проверете го филтерот во кабината. Ова е најчестата, најевтината и технички најлогичната причина автомобилот да мириса лошо.
The post Дали вашиот автомобил мириса лошо иако штотуку го измивте? Причината за ова е дел што многу возачи го игнорираат, еве како да се ослободите од него appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: