Америка го напушта НАТО?! Трамп даде итно соопштение – Еве како стојат работите…

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД би можеле да го напуштат НАТО ако сојузниците не ја поддржат американската аквизиција на Гренланд, тврдејќи дека ова прашање е клучно за националната безбедност на САД.

На прашањето на новинарите пред Белата куќа дали САД ќе го напуштат НАТО доколку не добијат поддршка за Гренланд, Трамп одговори:

Ќе видиме. Гренланд навистина ни е потребен за национална безбедност. Ако го немаме, имаме сериозен проблем, особено во однос на „Златната купола“ – рече Трамп, според Дејли меил.

Според Трамп, „Златната купола“ е повеќеслоен антиракетен систем чија ефикасност зависи од контролата на арктичките територии, вклучувајќи го и Гренланд, кој е под суверенитет на Данска. Американскиот претседател претходно се закани дека ќе воведе царини за земјите што се спротивставуваат на неговите планови.

Како одговор на воинствената реторика на Трамп, Велика Британија, Франција, Германија, Финска, Холандија, Норвешка и Шведска најавија распоредување на помалку војници на Гренланд, во знак на поддршка на Данска.

Во меѓувреме, двопартиска делегација од американскиот Конгрес пристигна во Копенхаген за да разговара со данските претставници и да ги зајакне односите со сојузникот во НАТО. Демократскиот сенатор Дик Дарбин рече дека изјавите на Трамп „не го одразуваат ставот на американскиот народ“, нагласувајќи го долгогодишниот сојуз на САД, Данска и Гренланд.
The post  Америка го напушта НАТО?! Трамп даде итно соопштение – Еве како стојат работите… appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: