Синиот понеделник се смета за „најепресивниот“ ден во годината и се „слави“ третиот понеделник во јануари. Се однесува на постпразничната депресија.
Британскиот психолог Клиф Арнал го измислил терминот „Син понеделник“ во 2005 година, но важно е да се нагласи дека тој нема научна основа. Беше дизајниран како дел од маркетиншка кампања за туристичка агенција која сакаше да го „одреди“ најдепресивниот ден во годината. Арнал потоа изјави дека третиот понеделник во јануари одговара на овој опис.
Иако „Синиот понеделник“ не се базира на клинички податоци, депресијата и разочарувањето што многу луѓе ги поврзуваат со него може да изгледаат многу реални.
Докторката Кристин Крофорд, меѓу другото, за „Тудеј“ изјави дека крајот на празничниот период, враќањето на работа и студеното време лошо влијаат врз луѓето и дека тие мислат дека немаат на што да се радуваат напролет. Исто така, постои и финансиски притисок.
„Луѓето трошат многу пари во декември, а потоа во јануари ги гледаат своите банкарски извештаи. Не само што се чувствувате лошо што мора да надоместите за изгубеното време на работа, туку има и поголем финансиски притисок за некои луѓе кои мора да надоместат за загубата од празничните трошоци“, објасни таа.
Ако на крајот од минатата година ветивте дека во јануари ќе почнете да работите на некои работи за да го подобрите вашиот живот, а сè уште не сте почнале да ги правите, почнувате да се чувствувате депресивно.
За да го подобрите расположението, Крофорд советува да правите паузи од работа колку што можете повеќе, да контактирате со најблиските и да бидете физички активни, дури и ако тоа е само прошетка.
„Имајте малку милост кон себе. Поставете реални очекувања за вашата дневна рутина и распоред и дозволете им да се градат и прошируваат со текот на времето, но погрижете се да бидете реалистични во врска со тоа“, забележа таа.
The post Денес е „најтежок“ ден во годината: Зошто овој понеделник е „критичен“ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



