Дали се подготвуваат за војна со Русија? Оваа европска земја испрати илјадници писма до граѓаните за можна заплена на имот

Политиката за реквизиција опфаќа возила, пловила, машини и недвижен имот. Вчера беа издадени околу 13.500 таканаречени „подготвителни реквизиции“ со рок на важење од 365 дена.

Норвешките власти испратиле илјадници писма до граѓаните предупредувајќи ги дека во случај на војна со Русија, војската би можела да побара и заплени нивен приватен имот, вклучувајќи куќи и возила, објави „Телеграф“.

Политиката за реквизиција опфаќа возила, пловила, машини и недвижен имот. Околу 13.500 таканаречени „подготвителни реквизиции“ беа издадени во понеделник со рок на важење од една година.

„Реквизициите имаат за цел да обезбедат во воена ситуација вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, се вели во соопштението на норвешката војска.

За повеќето приматели на писмото, ова не е изненадување, бидејќи во две третини од случаите станува збор за обновување на претходните известувања за реквизиција.

Најсериозната ситуација по Втората светска војна

Андерс Јернберг, раководител на организацијата за воена логистика, истакна дека важноста на подготвеноста драстично се зголемила.

„Важноста на кризите и подготвеноста за војна драматично се зголеми во последните години. Норвешка е во најсериозна безбедносно-политичка ситуација од Втората светска војна. Нашето општество мора да биде подготвено за безбедносно-политички кризи, а во најлош случај и за војна… Преземаме големо зајакнување на воената и цивилната подготвеност“, рече Јернберг.

Норвешка игра клучна улога во надзорот на НАТО врз арктичкиот регион, каде што топењето на мразот создава трка за контрола на нови морски патишта и ресурси. Скандинавската земја на далечниот север дели поморска и копнена граница со Русија.
The post Дали се подготвуваат за војна со Русија? Оваа европска земја испрати илјадници писма до граѓаните за можна заплена на имот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: